Љубител на „Пегличка“ најде место во станот за својата љубов

Еден Полјак има многу необично парче мебел во неговиот стан во Гливици. Овој љубител на стари автомобили во неговата дневна соба најде место и за „пегличката“.
Покрај двосед, фотелја и телевизор во дневната соба има и автомобил. Но тоа не е обичен автомобил, туку славниот „Фијат 126p“, популарната „пегличка“.
Мирослав Випих, автомобилот го купил пред осум години и никогаш не го возел по пат. Кај претходниот сопственик поминала само 138 километри.
- Мојот пријател секогаш беше чуден, имаше многу бизарни идеи, концепти и реализации, но ова му е најдобрата, рече Лешек Једрик, најдобар пријател на сопственикот на „пегличката“.
Единствен проблем бил како да ја качи пегличката на првиот кат, но пријателите најдоа оригинално решение, го урнале ѕидот и го решија проблемот.
- Успеавме, како што може најдобро да се види на фотографиите. Тука немаше порано дневна соба, но цел простор сега е организиран околу автомобилот, објасни Мирослав.
Така Мирослав доби најоригинално парче мебел. Автомобилот е во функција и возењето од неколку метри - се до фотелјата, покажува дека се работи како часовник. Овој модел не се произведува од 2000 година.
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
