-->
-->
Љубомир Боровчанин е пуштен на слобода
-->
Поранешниот заменик командант на Специјалната бригада на МВР на Република Српска, Љубомир Боровчанин е ослободен по отслужени две третини од казната која му ја изрече Хашкиот трибунал во јуни 2010 година.
Тој беше осуден на 17 години затвор поради воени злосторства во Сребреница. Казната ја служеше во дански затвор, а за два дена се очекува да пристигне во БиХ.
Боровчанин беше во притвор во Шевенинген до пролетта 2005 година, а во затвор во Данска се наоѓа од 2011 година.
Тој е прогласен за виновен бидејќи не спречил убиства и протерувања на муслиманите од Сребреница во јули 1995 година, а ослободен е од обвинението за геноцид.
Боровчанин на аеродромот во Белград треба да допатува утре.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари
-
ЗНАМ почнува преговори со ВМРО-ДПМНЕ за соработка на локалните избори
-
Левица бара да нема застареност
-
Хрватски искуства на патот кон ЕУ: Политичкиот консензус услов за реформи
-
Културните работници на протест поради доцнењето на мартовската плата
-
Царините на Трамп негативен шок за глобалната економија