-->
-->
Љубовта победи: Мигрантката Нора и полицаецот Боби повторно заедно
-->
За љубовта на Али Нора Аркавази и Боби Додевски се заљубиле пишуваа сите светски медиуми. Курдска муслиманка мигрант и православен полицаец, кои откако се сретнаа на калливиот граничен премин на почетокот на март 2016, се венчаа само четири месеци подоцна.Тоа беше судбина, им раскажуваше тогаш полицаецот на новинарите на агенцијата АФП во неговиот стан во Куманово каде среќно живееше со својата млада сопруга.
Но, само две години подоцна, кога нивниот син имаше само една година, двојката се раздели. Нора замина за Ирак, Боби остана тука во Куманово.
Но, за тоа дека љубовта е посилна од сè и не познава граници и пречки, доволно раскажуваат фотографиите кои двајцата ги објавија на своите социјални профили деновиве, пренесува „Фокус“.
Тие потврдија дека повторно се заедно, во брак, и како љубовта победила.
Ние повторно се сакаме, ние засекогаш ќе се сакаме, напиша Нора под заедничките фотографии.
Нивни пријатели од Куманово на тоа одговорија:
Па, вие никогаш и не престанавте да се сакате.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
