Љупчо Димовски е новиот претседател на СПМ

Едногласно е избран новиот претседател на СПМ од делегатите на партијата. На деветтиот Конгрес на партијата одржан во Кратово, Димовски е избран по предлог од 53 општински организации. Конгресот почна со едноминутно молчење за Љубисав Иванов Ѕинго кој до неговата смрт беше претседател на СПМ цели 25 години. Делегација од партијата положи венец на неговото вечно почивалиште по што продолжи одржувањето на Конгресот.
Во својот говор новиот претседател Љупчо Димовски изрази задоволство што овој деветти конгрес се одржува токму во Кратово со цело почитување кон претседателот Љубисав Иванов Ѕинго. Димовски вети дека ќе ја оправда довербата на членовите и ќе ја раководи партијата на најдобар можен начин а за што има аманет од досегашниот претседател Љубисав Иванов Ѕинго, да ги следи неговите заложби -СПМ да биде силна партија на народот која ќе делува по веке трасираниот пат. Порача дека како никогаш досега е потребно единство и сплотеност за справување со предизвиците.
На Конгресот се избираа сите членови на работни тела на партијата, извештаи за работењето на партијата а беше донесена и изгласана Декларација во која се содржани сите заложби на СПМ која ќе биде доставена до државниот врв.
Повеќе во вестите во 16ч.
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-

Америка го суспендира издавањето на иселенички визи за 75 земји, на списокот и нашата земја
-

Апел за помош - Исчезнат е Златко Максимовски
-

Со василичарско оро и палење на маските заврши Вевчанскиот карневал
-

Мицкоски: Најдовме своевиден компромис за Законот за прекршоци, а за техничката влада сме согласни да се укине
-

МОН: Ја јакнеме инклузијата со влезот во Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование
-

Заврши лидерската средба
-

УЈП: „Мој ДДВ“ не се укинува, налозите за исплата во февруари се подготвуваат
-

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ и уредување на плоштадот околу неа
