Љупчо Николовски си поднесе оставка во СДСМ
Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ денека поднесе писмена оставка од функцијата генерален секретар на партијата. Тој во својата писмена оставка изразува посебна благодарност до Зоран Заев и на сите членови на партијата.
– Чесно и посветено одработив во тежок период за партијата. Денес СДСМ е најбројната, најмодерната, дигитализирана, динамична и европска партија. После 18 години СДСМ и коалицијата победија на парламентарни избори минатата година. На претседателот Ковачевски и новото раководство им посакувам многу мудрост, единство, ангажман и чување на вредностите. Со ова оставам можност за избор на нов генерален секретар согласно концептот на претседателот Ковачевски. Во однос на неговиот понатамошен ангажман во политиката и општеството, оставам да покаже времето. Достапноста, чесноста, искрениот и одговорен пристап во работата, држењето до зборот и ветеното, поддршката и залагањето за добри дела за сите без поделби на граѓаните по било која основа остануваат клучни вредности и залагања при вршењето на било која позиција и одговорност. За идните планови секако ќе има време да се размисли и одлучи по празниците, се наведува во писмената оставка.
Ново на Сител
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
29 години од атентатот врз Kиро Глигоров
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Новото раководство на ЕСМ обвинува за хаос во РЕК Битола
-
Тројца загинати во директен судар