Живот
26. January 2024 - 11:37

Лоцирана нова рисица во близина на Стража | ФОТО

Македонското еколошко друштво на својот Фејсбук профил соопшти дека синоќа лоцирало нова рисица, и тоа во кафез-замката направена минатата недела, а поставена пред само три дена.

- Рисицата Луна пред само неколку часа беше лоцирана на планината Буковиќ, во близина на Стража. Тешка е 16 килограми и е во одлична здравствена состојба. Откако беа направени потребните прегледи и ѝ беше поставен околувратник преку кој ќе го следиме нејзиното движење, таа беше пуштена на слобода - истакнаа од МЕД.