Логвинов: Не ме загрижува зголемената воена интерграција на земјите во ЕУ

- Не ме загрижуваат дејствијата на Европската унија за поголема интеграција на земјите членки во областа на одбраната, бидејќи тие засега се само „на збор“ и нема ништо документирано, а и по се изгледа не се насочени против Русија, објасни шефот на одделот за НАТО при руското Министерство за надворешни работи, Кирил Логвинов, на годишната Берлинската конфернеција за безбедност.
Запрашан дали е вознемирен од договорот меѓу 23 земји членки на Унијата за соработка при финансирањето на заеднички воени проекти, Логвинов забележа да Москва го поздравува секој чекот што се однесува на обединувањето на Европа.
- Колку подобро поедничени заедници во Европа работат една со друга, толку подобро за нас. Колку побрзи тие зборуваат во еден глас, толку подобро и за нашите односи со ЕУ, наведе рускиот дипломат.
Тој посочи дека Постојаната структурирана соработка во рамките на ЕУ се подготвува со децении.
- Ние, се разбира, надгледуваме што се случува, но ва таа фаза се е само зборови, нагласи Логвинов.
Рускиот дипломат повика да се вложат напори со цел да се обнови довербата меѓу европските земји и Русија преку дијалог и воена соработка.
Како што јави МИА, претходно месецов 23 земји од ЕУ потпишаа договор за финансирање, развој и распоредување на вооружени сили, откако Велика Британија одлучи да ја напушти Унијата.
Ново на Сител
-

Стопанска комора бара да се скратат празнични неработни денови, за да се зголеми продуктивноста на работниците
-

Технологијата ги дава одговорите, но наставникот ги поставува вистинските прашања
-

Ново археолошко богатство кај Корошишта
-

Премиерот Мицкоски во Теарце
-

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со селективна борба против корупција
-

Јаневска: Да го вратиме достоинството на наставникот
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
