-->
-->
Локализиран пожарот кај депонијата во Македонска Каменица
-->
Пожарот кој вчера избувна на градската депонија во Македонска Каменица е локализиран и спречено е негово ширење кон блиската шума. Како што информираше Малин Трајчевски од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица денеска ќе се организира акција за целосно гасење на чадот кој се јавува на депонијата.
-Акцијата се одвиваше до доцните часови при што успеавме да спречиме пожарот да се прошири во поблиската околина. За денеска е најавено задушување на чадот со истурање на големи количини земја како би се спречиле понатамошни несакани ефекти, соопштува Трајчевски.
Освен во Македонска Каменица рано утрово продолжи локализирањето на пожарот кој избувна кај месноста Унќово во делчевското село Вирче. Според информации од пожарникарите кои се на терен пожарот е ставен под контрола и набргу се очекува целосно негово локализирање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Продолжен притвор
-
Три дискотеки се затворени оти не исполнуваат услови, иако имаат лиценци
-
178 пациенти на лекување во болниците
-
101 повреден во кочанската дискотека на лекување во странство
-
Разговор со д-р Шапира Шахар, шеф на израелскиот медицински тим
-
Професор Давиктовски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторите се борат за сите пациенти