-->
-->
Локализиран пожарот над автопатот Велес-Скопје
-->
Според информацијата од Противпожарната единица (ППЕ) од Велес вечерва околу 20 часот и 30 минути е локализиран големиот пожар кој попладнево избувна над автопатот Велес- Скопје пред првата патарината.
Според првичните информации од ППЕ од Велес со пожарот била зафатена голема површина од 250 хектари, од кои 50 хектари шума со бор и чемпрес и 200 хектари сува трева и други нискостеблести растенија.
Екипите на ППЕ од Велес се вратија на терен каде вечерва ќе дежураат вработени од ЈПШС Подружница „Бабуна“ од Велес поради претпазливост пожарот повторно да не се прошири.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
-
Владата иницира разрешување на Коцевски
-
10% маржа на 100 групи производи до крајот на април, мерката ќе биде донесена деновиве
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси