Свет
11. September 2016 - 11:02

Локални избори во германската покраина Долна Саксонија

Конзервативната партија на германската канцеларка Ангела Меркел Демохристијанската унија може да понесе уште еден пораз на денешните локални избори во германската покраина Долна Саксонија, јави ДПА.

Вкупно 6,5 милиони гласачи ќе избираат 29.116 регионални советници во 2.125 обласни совети, како и над 30 градоначалници. Свои кандидати изнесоа вкупно 22 партии.

Изборите се сметаат за тест на антиимигрантската партија Алтернатива за Германија, која се претстави многу добро на изборите одржани минатиот викенд во провинцијата Мекленбург. Сега прогнозите се дека Алтернатива за Германија може да добие 12 проценти од гласовите.

Пред пет години на локалните избори во Долна Саксонија партијата на Меркел освои 37 отсто од гласовите.