-->
-->
Локалните патишта во кумановско проодни
-->
Во кумановско локалните патни правци во градот, приградските наслеби и селата се проодни и сообраќајот се одвива во зимски услови, информираат од РЦУК Куманово.
-Сите локални патни правци во надлежност на oпштина Куманово се чисти и проодни, но во зимски услови, соопшти РЦУК.
Со новите врнежи од снег, остануваат многу тешко проодни патиштата кон високите планински села во Козјачијата и Карадачкиот регион во општините Старо Нагоричане и Липково. Таму висината на снежните врнежи изнесува од 15 до 25 снатиметри, но на одредени места има и наноси од снег.
Според информациите од РЦУК, sелата во Козјачијата, Малотино, Мгленце, Буковљане, Дренак, Глабочица, Жељувино, Цветишница кон Бајловце, се тешко проодни и движењето исклучиво е со теренски возила. Иста е и состојбата со селата од липковскиот регион во високите планински места како што се правци кон селата Гошинце, Лукаре, Руница Од тамошната локална власт веќе пуштиле механизација за расчистување на патиштата кон Алешевце и Руница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лејди Гага и Мајкл Полански планираат „скромна“ свадба
-
Прилеп - Градско и Ранковце - Крива Паланка готови до Нова година
-
Николоски: Поголемиот дел од автопатот Охрид - Кичево во функција до лето
-
Таравари: Утре првични информации за починатата родилка во Куманово
-
Болница Плодност: Со неверување ја примивме веста за прерано загинатите колеги, сочувство до семејствата
-
Ќе се испитуваат крв и урина од возачот на камионот
-
Снег во Словенија
-
Претреси во Кичево, пронајдена дрога