Лондон без смртни случаи од Ковид-19, првпат после септември
Првпат после шест месеци во Лондон за 28 март нема пријавено смртни случаи од Ковид-19, покажуваат официјалните податоци.
Бројките на Заводот за јавно здравство Англија (PHE) за 28 март покажаа дека нема регистрирано смрт кај пациенти со Коцид-19, додека во екот на корона-кризата во април минатата година, во Лондон беа регистрирани околу 230 смртни случаи на ден.
Во текот на минатата недела, вкупниот број на смртни случаи од коронавирусот во англискиот главен град изнесувал 14, пренесува Скај Њуз.
– Ниту еден смртен случај во Лондон е голем чекор, но е точно тоа – само чекор. Мора да продолжиме со програмата за вакцинација, рече еден од лекарите вработени во Заводот.
Од почетокот на пандемијата, во Лондон се регистрирани 708.000 позитивни на коронавирусот, од кои 15.000 починале во рок од 28 дена откако се тестирале.
Ново на Сител
-

Политички импулс без пресврт: Што носи Самитот ЕУ – Западен балкан?
-

Тема на денот со Александар Николовски, младински активист од Студентаријамк
-

Групацијата Флекс донираше куќичка за желките во скопската зоолошка
-

Eвроамбасадорот Рокас шокиран од состојбата на струшката депонија
-

Законот за правична застапеност во собраниска процедура
-

Без напредок во реформите, бугарските европратеници порачуваат: „Македонија сама си става вето“
-

Муцунски: Кај европските лидери постои засилен интерес за поттикнување дијалог меѓу Скопје и Софија
-

Вучиќ ќе оди во Тиват и покрај безбедносните ризици - тензии на релација Подгорица-Белград
