Фудбал
4. January 2018 - 9:37

Лондонското дерби без победник

Арсенал и Челзи одиграа 2-2 во лондонското дерби во кое се играше добар фудбал со многу шанси на обете страни.
Вилшир го доведе домаќинот до водство од 1-0 на почетокот на вториот дел што е негов прв погодок по цели 3 години.
Израмни Азар од сомнително досуден пенал а во 84м шок на Емирати откако Алонсо го носи Челзи до водство од 2-1.
Сепак Арсенал успеа да излезе од шокот и со погодокот на Белјерин да израмни на 2-2.