-->
-->
Лондонското дерби без победник
-->
Тотенхем и Арсенал одиграа без победник 2:2, во дербито на северен Лондон, кое се одигра во рамките на 29. коло во Премиерлигата. Севернолондонското дерби донесе помалку тензичен фудбал, пресврт на Тотенхем, два брилијантни гола и еден црвен картон, а конечниот епилог најмногу во прилог му оди на лидерот Лестер.
Тотенхем беше тимот кој го диктираше ритмот во првото полувреме, Оспина добро реагираше по ударите на Али, Ламела и Ериксен. Акцентот на играта на Арсенал беше ставен врз одбраната, а откако Тотенехм не успеа да поентира, играчите на Венгер стигнаа до гол од првата сериозна акција.
Велбек повлече полуконтра, го проигра Белерин на спротивната страна, овој центрираше по земја, а Рамси со пета постигна брилијантен гол.
Водството кое го оствари во 39. минута, му овозможи на Арсенал максимално да го забави темпото на натпреварот, но по само десет минути игра во вториот дел се случи клучниот момент на мечот.
Коклан невнимателно стартуваше врз Кејн, поради што го доби вториот жолт картон. Предноста од играч повеќе Тотенхем ја материјализираше по само пет минути игра, кога по една мешаница пред голот на Оспина најдобро реагираше Алдервејд и израмни на 1:1.
Минута претходно Оспина на неверојатен начин го одбрани ударот на Кејн и уште тогаш спречи израмнување.
Две минути по израмнувањето, Хари Кејн предизвика делириум на „Вајт Харт Лејн“, тој откосо од левата страна пласираше крај немоќниот Оспина. Кејн го постигна 17-от гол во првенството.
По водството Тотенхем не успеа да направи дополнителен притисок и да го реши натпреварот, а казната тимот на Покетино го стигна во 75. минута кога Алексис Санчез израмни по додавањето на Белерин.
До крајот на мечот Чилеанецот имаше уште една шанса, но неговиот удар го одбрани Љорис.
По 29. коло Лестер ќе остане лидер на табелата. „Лисиците“ имаат 57 бодови и натпревар помалку, втор е Тотенхем со 55, а Арсенал трет со 52 бода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори
-
Променливо време со дожд и во наредните денови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа