Балкан
15. February 2016 - 9:52

Лонли Планет ја вброи Албанија во топ туристичка дестинација во 2016 година

15 февруари 2016

АТА - Тирана

Туристичкиот магазин Лонли Планет (Lonely Planet) го опишува ненаселениот албански остров Сазан како една од најважните дестинации да се посети во 2016 година, пренесе агенцијата АТА.

Странските посетители секогаш ги привлекувала природата и желбата за истражување на културата и историјата на Албанија. Сазан има мал остров во регионот Влора во Албанија. Стратешки е сместен меѓу теснецот Отранто и влезот во залевот Влора, а се простира на 5,7 квадратни километри. Островот не е населен.

Покрај тоа што е најголем остров во Албанија, Сазан исто така е воена постројка, а кога небото е ведро може со голо око да се види брегот на Саленто во Италија. Повеќе од половина морско подрачје кое го обиколува островот чини дел од Националниот поморски парк Карабурун-Сазан.

Со траектот Регина Блу е воспоставена рута за постетители на попуостровот Карабурун и островот Сазан во 2014 година. Островот е отворен за јавноста во јули 2015 година.

Многубројни туристи ги посетуваат историските градови како Круја, Драч, Шкодра, Бутринта, Берата и Џирокастра.

Lonely Planet пишува дека Албанија нуди исклучителни и единствени туристички атракции во кои се уште владее антички кодекс на однесување, заборавени археолошки места и села во кои времето е застанато.

Со своите планински пејзажи, кои одземаат здив, главниот град Тирана, кој врви од живот и плажите, кои со убавината се рамни со другите медитерански плажи, Албанија стана место на Балканот кој се издигна од заборавот.

Професионални писатели и новинари на Lonely Planet ги делат своите искуства за туризмот во Албанија, со цел за промовирање на најдобрите атракции по пат на рецензии, изнесување на непознати факти и препораки.

Драч е втор најголем град во Албанија, но и најголемо пристаниште и центар за железничкиот систем. Еден е од најстарите и економски најзначајни градови во Албанија. Драч се наоѓа на еден од потесните делови на Јадранското море, наспроти италијанското пристаниште Бари (оддалечено 300 км) и Бриндиси (200 км).

Главното албанско пристаниште се наоѓа во Драч, како и најновиот јавен Универзитет Александер Моисиу. Познат како Епидамнус, во 627 година п.н.е. го основале грчки колонисти од Коринт и Крф. Подоцна името било променето во Дурахиум (според митологијата тоа бил внук на Епидамнус).

Во текот на овој период, градот цветал и станал главно пристаниште во источниот дел на Јадранското море. Меѓу првиот и третиот век, имал голема улога како трговски центар долж античкиот египетски пат, кој го поврзувала Рим со Византија. Секој би можел да најде нешто што го интересира во Драч со оглед на тоа дека тој град претставува бегство во друг свет.

Круја е Скендербегов град. Да, албанскиот народен херој е роден тука и иако тоа било пред 500 години, се уште се чувствува гордоста поради тој факт и поради тоа што неговите сили го бранеле Круја од Османлиите се до неговата смрт. Штом ќе излезете од минибусот, ќе видите голем споменик на Скендербег, кој во едната рака држи меч.

Од патот кој гледа во брдата, куќите во Круја изгледаат како да седат во скутот на планината. Замок од античко време се наоѓа на една страна, а музејот на Скендербег се наоѓа до замокот. Локалната индустрија за гипс предизвикува повремена намалена видливост на Јадранското море поради облаци од дим кој го испушта. Круја може да се прошета за еден до два часа, што ја прави одлична дестинација за краток одмор пред да продолжите понатаму.

Античките рушевини на Бутринт се наоѓаат на околу 18 километри јужно од Саранда и се вистински бисер ако ве интересира античкиот свет. Рушевините потекнуваат од неколку различни историски периоди во текот на над 2,500 години.

Познатиот антички поет Виргил тврдел дека Тројанците се населиле во Бутринт. Многу археолози дошле во градот за да ги истражат тие тези, но за сега не се најдени докази.

Грците го населиле Бутринт во текот на 60 век п.н.е, иако Илирите го населувале тој регион од порано. Во период од само еден век, откако го населиле Грците, Бутринт станал трговски град со сопствена акропола, чии рушевини сега можат да се посетат.

Веднаш под акрополата, во шумата се наоѓа театар од 3 век пред новата ера, а кој Римјаните го користеле за свои претстави. Во близина се наоѓаат јавни бањи со мозаици, а подлабоко во шумата се наоѓа ѕид со натписи на стар грчки и крстилница од 6 век, која е украсена со разнобојни мозаици на птици и животни.

Над акрополот се надвива тврдина, која ја изградил Али Паша Јањински во почетокот на 19 век. Во Бутринт може да се влезе преку пат кој води од Саранда, а кој е поврзан со Тирана и Влора, со автобус или мини-бус. Рушевините се наоѓаат на јужната граница со Грција, 160 километри јужно од Тирана.

Шкодра (Скадар) традиционален центар на културниот регион Гхег, е еден од најстарите градови во Европа. Античката тврдина Розафа има прекрасен поглед на блиското езеро, додека големиот напор да ги реновираат градбите во стариот дел на градот го прави шетањето вистинско уживање за очите.

Многу патници поминуваат од тука додека патуваат од Тирана до Црна Гора или со траект се упатуваат кон езерото Коман и селата Тхетх и Валбона, но поминете ја ноќта тука и впијте од ова гостољубиво и пријатно место.

Како што моќта на Османлиското Царство почнала да се намалува во 18 век, Скадар станал центар на полунезависен пашалук, што довело до процут на трговијата и занаетите. Градот често ги менувал владетелите во текот на Првата светска војна. Претрпел големи последици во земјотрес во 1979 година, но целосно е обновен и сега е пети најголем град во Албанија.

Берат има сопствена, многу посебна магија и често е врв на посетата на Албанија. Неговата највпечатлива карактеристика се белите куќи од османлиската ера на брдото во близина на дворецот, поради што добил прекар „Град на 1000 призори‟ и поради што е сврстен на листата на УНЕСКО на светското наследство во 2008 година.

Нерамниот планински предел посебно е импресивен кога облаците се спуштаат на минарињата на џамиите или кога ќе се разведри небото доволно да се види врвот на планината Томори.

Стариот дел на градот претставува призор со бели ѕидови на куќите, кровови од керамиди и патишта поплочени со калдрма. Околината на градот е полна со маслинови дрвја и вишни, како и борови шуми на стрмните делови на околните брда. Со современиот дел на градот доминира несразмерна купола на Универзитетот Берат.

Во третиот век п.н.е. илирската тврдина наречена Антипатреа изградена е тука на местото на поранешна населба. Византијците ја зајакнале тврдината на врвот на брдото во петиот и шестиот век, што го направиле и Бугарите 400 години подоцна. Србите, кои ја окупирале тврдината во 1345 година, го промениле името во Белиград.

Потоа Османлиите го зазеле градот во 1450 година. По периодот на економски пад во 18 и 19 век, градот почнал да се развива и станал центар на дрворезбарски занает. Денес Берат е голем туристички центар во Албанија, но успеал да ја задржи својата аура на опуштеност и пријателска атмосфера.

Морничавиот планински дворев Ѓирокастре е еден од најголемите на Балканот и претставува најинтересна дестинација во градот. Стрмниот пат кој води од јадрото на стариот дел на градот до дворецот вреди да се пропешачи. Внатре се наоѓа морничава збирка на оружје, два прекрасни музеи и срушен авион на американските воздушни сили.

На ова место се наоѓа тврдина уште од 12 век, иако многу нешта што денес можат да се видат датираат од 19 век. Дворецот бил на лош глас бидејќи се користел како затвор за време на комунистичката власт. Погледот од дворецот на долината едноставно го одзема здивот.