Loading Video...
Свет
10. September 2023 - 16:26

Лорен Бун: Во земјите од Западен Балкан има дезинформации и руско мешање, ЕУ треба да им помогне

Европската Унија треба да им помогне на земјите да се спротистават на Владимир Путин со испраќање јасна порака за нивните изгледи за приклучување кон ЕУ, вели за Политико француската министерка за Европа, Лорен Бун.

Според неа потенцијалниот бран на проширување би можел да донесе дури осум нови членки, вклучително и Украина и шест балкански земји.

Неколку од овие земји се главни цели на кампањите за руско влијание чија цел е  со дезинформацаии и мешање да се поткопува поддршката за ЕУ, истакна Бун., додавајки  дека треба да им се помогне да се борат против стратегијата за влијание на Москва  што е можно повеќе, почитувајќи го нивниот суверенитет“.

Групата Г20 на самитот усвои декларација за консензус, во која избегна да ја осуди Русија за војната во Украина, но ги повика сите земји да не користат сила за заземање територии.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го нарече успешен самитот во Индија и рече дека поради консолидираната позиција на земјите од глобалниот југ, Русија успеала да се погрижи агендата на Г-20 да не биде засенета од украинскиот конфликт.

За Макрон , францускиот престедател ова никако не е победа на Русија.