-->
-->
ЛШ: Атлетико Мадрид го елиминира европскиот шампион Барселона
-->

Со головите на Антоан Гризман во 36.минута и во 88.минута од пенал екипата на Атлетико Мадрид ја елиминираше Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Со тоа продолжи традицијата европскиот првак да не ја одбрани титулата освоена претходната сезона.
Инаку, Атлетико вечерва победи со 2:0, а на првиот дуел беше 2:1 за Барселона и со вкупни 3:2 мадридскиот тим избори место во полуфиналето.
На вториот реванш четвртфинален дуел вечерва Бенфика и Баерн одиграа нерешено 2:2 и Баерн благодарение на победата од 1:0 на првиот дуел обезбеди полуфинале.
Бенфика поведе во 27.минута преку Хименез, а на 1:1 изедначи Видал во 38.минута. На 2:1 Баерн поведе преку Милер во 52.минута, а изедначи Талиска во 76.минута.
Во полуфиналето пласман изборија: Атлетико Мадрид, Баерн, Реал Мадрид и Манчестер Сити.
Ждрепката ќе се одржи на 15.април во Нион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пратениците со средна оценка за аргументирана дебата во Собранието
-

Верските лидери го осудија обидот за палење на синагогата во Скопје
-

Пошта добива 100 нови возила за подобра достава низ земјата
-

Осум ревии и нови модни имиња на „Shtip fashion days“
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
