ЛШ: Барселона победи кај Фленсбург, 19 одбрани на Борко
Барселона славеше над Фленсбург 28-27 во дерби мечот од третото коло, во А групата, во ракометната Лига на шампиони. Барселона по три кола има максимален учинок, а до победата на жешкиот терен во Фленсбург ја однесе Борко Ристовски кој имаше 19 интервенции. Барселона има максимален ефект по првите три кола во „групата на смртта“ во Лигата на шампионите. Шпанскиот шампион во првиот меч од третата рунда славеше кај Фленсбург 28-27. Натпреварот мина во знакот на голманите Ристовски и Андерсон кои имаа 40 отсто одбранети удари. Каталонците од почетокот го контролираа мечот, дополнителна сигурност им внесе Борко Ристовски, кој блескаше на голот. Два гола предност имаше Барса по првиот дел, во 40-та минута разликата беше четири гола, но Фленсбург успеа да се врати на гол негатива. Но поради техничките грешки не успеа да направи целосен пресврт. Томас Могесен во последните два напади на Фленсбург направи две грешки. По првата негова грешка Барселона не успеа да отвори контранапад, а потоа Андерсон го одбрани ударот на Лазаров од девет метри. Последниот напад Фленсбург не успеа да го организира бидејќи Могесен едноставно им ја врачи топката на противничките играчи. Ристовски ја предводеше Барселона со 19 одбрани, а меѓу стрелците се истакна Ѓалуз со осум голови. Кире Лазаров постигна четири гола, но со лош процент на реализација, тој потроши 12 топки. Кај Фленсбург Андерсон одбрани 18 удари, а Гландорф постигна шест гола.
Ново на Сител
-

Пехчево: Го затекнала сопругот со 68-годишна жена и ја нападнала, а подоцна тој физички ја нападнал неа
-

Браќа меѓусебно се пријавиле во полиција по физичка пресметка во демиркаписко
-

Жена со тротинет удрила велосипедистка во Скопје и избегала
-

Мост „Генерал Михајло Апостолски“ - се ослободува трасата за конечно ставање во функција, напиша Ѓорѓиевски
-

Романски државјанин возел со брзина од 163 км/ч на место каде дозволено 80км/ч
-

Во шатор во Галичник пронајдена разновидна дрога - пет лица приведени
-

Во Црна Гора откриен нелегален магацин со 13,5 тони тутун
-

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат
