ЛШ: Двомечот Порто – Челзи ќе се игра во Севиља
Двата натпревари од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) меѓу Порто и Челзи ќе се играат на неутрален терен во Севиља, поради патните рестрикции на релација Португалија – Велика Британија и обратно, соопштија денеска УЕФА и португалскиот првак.
-УЕФА потврди дека двата четвртфинални натпревари меѓу Порто и Челзи ќе се играат на стадионот „Sánchez-Pizjuán“ во Севиља, објави португалскиот шампион на својата официјална страница.
Првиот натпревар е на распоредот на 7 април, а реваншот на 13 април. Победникот од овој дуел за противник во полуфиналето ќе го има подобриот од пресметката меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.
Шпанија претходно овој месец објави дека од 30 март се укинува забраната за влез во земјата од Велика Британија. Забраната стапи на сила на крајот од минатата година поради стравувањето од ширење на британската мутација на коронавирус.
Ново на Сител
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
-

Мајмунчето Мики го прослави својот прв роденден, но подароците исчезнаа
