Ракомет
16. April 2020 - 19:53

ЛШ: ЕХФ одреди нов термин за завршниот Ф-4, 28. И 29. декември

Покрај реакцијата на македонската ракометна федерација проблемите се обидува да ги реши и ЕХФ која денеска одреди сосема нов датум за завршниот турнир во Лигата на шампионите. 

Според последната информација најдобрите четири екипи завршниот турнир во Келн ќе го одиграа на самиот крај на годината во термините од 28-ми и 29-ти декември.  Да потсетиме основниот термин беше кон крајот на мај и тој беше одложен за месец август. 

Новата одлука е донесена под притисок на новата состојба со пандемијата и се почестите изјави на германскиот канцелар Ангела Меркел дека најверојатно до крајот на годината нема да дозволи групно собирање и навивачи на спортските настани. 

Да потсетиме  европскиот првак Вардар останува во конкуренција за завршниот турнир и првата пречка е унгарскиот ПИК Сегед кој денеска ја распушти екипата и ги пушти играчите во своите домови. 

Од ЕХФ  информираа дека купените билети ќе важат и за декемвриското издание на завршниот турни во Лигата на шампионите.

За разлика од машкиот, завршниот турнир во женска конкуренција ќе се одигра во терминот што беше определен порано , тоа е 5 и 6 септември во Будимпешта.