Loading Video...
Ракомет
21. February 2021 - 20:42

ЛШ: Елверум извлече бод во Скопје

Ракометарите на Вардар испуштија победа во денешниот дуел од ЛШ со Елверум кој заврши со резултат 34-34. 
Двократниот европски првак имаше водство од 4 гола некаде кон 40-тата минута од средбата но во финишот дозволи по серија исклучувања гостите од Норвешка да го избегнат поразот и да освојат бод. 
Анте Гаџа се истакна во домашниот тим со 8 погодоци заедно со Чупиќ кој постигна 6 и Стоилов со 5. 
По овој резултат Вардар останува со една победа во групната фаза од ЛШ.