ЛШ: Кил му го нанесе првиот пораз на Вардар
Европскиот првак Вардар за првпат покажа немоќ оваа сезона во Лигата на шампионите и заслужено е поразен од германскито Кил со 31-20.
Црвено-црните лошо го започнаа натпреварот и за 20 минути постигнаа само еден гол додека противникот даде 11.
Единасет кобни минути за Вардар дури да се постигне првиот гол а во продолжението македонскиот првак направи задоцнето будење и со добра игра успеа да стигне до негатива од 6 погодоци.
И тоа беше се на овој меч откако Германците почна со тактиката седум на шест што им ја врати најголемата предност за убедлива победа на крајот.
Тимур Дибиров со 5 погодоци беше најефикасен во нашиот тим додека Кристопанс забележа 4. Кај Кил се истакна Пекелер со 8 голови.
Следниот натпревар на Вардар е во Унгарија против Веспрем.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар