-->
-->
ЛШ: Ќе има ли голови во Мадрид?
-->

Четвртото коло во фазата по групи, во Лигата на шампионите, ќе се одигра во вторник и среда. Колото ќе го отворат дуелите во групите А, Б, Ц и Д, а дербито е во Мадрид каде на Реал ќе му гостува ПСЖ.
Двата тима се лидери во А групата и извесно е дека ќе изборат пласман во нокаут фазата, па дуелот во Мадрид ќе биде борба за првата позиција на табелата. Инаку првиот меч во Париз, одигран пред две недели, заврши без голови. Во вториот меч од оваа група Шахтјор ќе го пречека Малме и ќе се обиде не само да ги освои првите бодови сезонава, туку и да го постигне првиот гол.
Далеку понеизвесна е ситуацијата во Б групата, Волфсбург е лидер на табелата и би требало да остане на таа позиција и по дуелот со ПСВ Ајндховен. Нубедливиот Манчестер Јунајтед за противник ја има екипата на ЦСКА Москва.
Во Ц групата, дуелот помеѓу Астана и Атлетико Мадрид ќе го отвори ова коло во Лигата на шампионите. Мечот ќе стартува во 16 часот по средноевропско време, а Атлетико со евентуална победа ќе се доближи до нокаут фазата.
Дербито ќе се одигра во Лисабон каде Бенфика за противник ќе го има Галатасарај. Турскиот тим во првиот меч на двата тима славеше со 2:1.
Покрај дуелот во Мадрид, најмногу внимание во ова коло привлекува дуелот на „Санчез Писхуан“ помеѓу Севилја и Манчестер Сити. Пред две недели Севилја одигра одличен натпревар во Манчестер но и покрај тоа загуби со 2:1. Голот со кој Сити победи го постигна Де Брујне во 90.минута.
Интересен меч се очекува и во Менхенгладбах каде Јувентус ќе и гостува на Борусија.
Група А:
Реал-ПСЖ
Шахтјор-Малме
Табела: Реал 7, ПСЖ 7, Малме 3, Шахтјор 0
Група Б:
Волфсбург-ПСВ Ајндховен
Манчестер Јунајтед-ЦСКА Москва
Табела: Волфсбург 6, ЦСКА 4, Ман.Јунајтед 4, ПСВ 3
Група Ц:
Астана-Атлетико
Бенфика-Галатасарај
Табела: Атлетико 6, Бенфика 6, Галатасарај 4, Астана 1
Група Д:
Севилја-Манчестер Сити
Борусија М.-Јувентус
Табела: Јувентус 7, Ман.Сити 6, Севилја 3, Борусија 1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Забрана за сообраќај на камиони на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража
-

Научно-стручна расправа за Предлог-законот за помилување
-

Орбан ѝ се закани на Украина со прекин на електричната енергија поради блокадата на руска нафта по нафтоводот „Дружба“
-

Иран не бара војна, но ветува одговор на каков било напад од САД
-

Мерц повторно се кандидира за претседател на германската централно-десничарска ЦДУ
-

Без вода делови од Кисела Вода и Карпош
-

Променливо облачно со повремен дожд, на планините врнежи од снег
-

Ѓорѓиевски: Покажавме дека Скопје може да оди напред, наследивме целосен копалс на градот без преседан
