-->
-->
ЛШ: Монако и Атлетико Мадрид се пласираа во четвртфиналето
-->
Екипите на Монако и на Атлетико Мадрид последни обезбедија пласман во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони.
Во последните два реванш натпревара од осминафиналето одиграни синоќа, Монако го совлада Манчестер Сити со 3:1 со што ја анулира негативата од 3:5 по првиот меч одигран во Манчестер и обезбеди место меѓу осумте најдобри. Головите за Монако ги постигнаа Мбапе во 8.минута, Фабињо во 29 и Бакајоко во 77, додека стрелец за Манчестер Сити беше Сане во 71.минута.
Атлетико пак, иако пред својата публика на „Висетне Калдерон“ во Мадрид одигра без голови во дуелот против Баер, сепак се пласира во четвртфиналето благодарение на победата на првиот меч во Леверкузен со 4:2.
Со тоа Монако и Атлетико Мадрид им се приклучија во четвртфиналето на Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Јувентус и Лестер.
Двојките за четвртфиналната рунда ќе бидат познати утре по ждрепката која ќе се одржи во Нион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?
-
За состојбата на државниот буџет - Гостинка во вестите Гордана Димитриевска Кочоска, министерка за финансии