ЛШ: Падна и Рајн Некар Ловен пред Вардар

Ракометарите на Вардар ја постигнаа и четвртата победа во групата Б од Лигата на шампионите откако попладнево на домашен терен го победија Рајн Некар Ловен со 25:19 (11:10).
На стартот од дуелот „црвено-црните“ имаа постојана предност од еден гол до резултатот 5-5. Од 10.та минута до средината на првиот дел Вардар направи серија од 3:0 за водство од 8:5, но сепак гостите од Германија ја консолидираа одбраната и успеаја да изедначат на 8:8. Во финишот на првиот дел пак се играше гол за гол со предност на Вардар. Во овие минути на сцена стапија голманите на двата тима Штербик и Апелгрин, кои во серија имаа по неколку одбрани. Затоа по ефикасните 10 минути кога беше 6:5, а полувреме се замина со 11:10.
И почетокот на вториот дел не донесе ништо ново на теренот резултатот повторно беше изедначен со гол предност на Вардар. По 16:16 нашиот првак успеа да се одлепи на два разлика, па тренерот на гостите побара тајм аут. Во периодот од 40 – 50.минута Вардар направи серија од 3-1 и притоа голманот Ангелов имаше три успешни интревенции.
Голманот на РНЛ Апелгрин беше најзаслужен што Вардар немаше поголемо водство од два гола (12 одбрани до 52.минута). Во 55.минута со голот на Циндриќ (играч повеќе Вардар) нашиот првак поведе со три разлика (21:18) со што беше навестена победата.
Најефикасни беа Алекс Душебаев 7 голови и Тимур Дибиров 6 голови, а кај РНЛ Ларсен постигна 7.
Штербик 7 одбрани и Ангелов 8 одбрани.
Ново на Сител
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-

Приведени две лица откако нападнале и ограбиле маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит
-

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца
-

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври
-

УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка
-

Руски танкер со 40.000 тони дизел плови кон Њујорк по договорот меѓу Путин и Трамп
-

Зеленски: Моите несогласувања со Трамп не се на лична основа
-

Грчкиот парламент одобри забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 15 години
