ЛШ: Предност за Баерн и Барселона

Во реприза од финалето од 2012 година, Баерн Минхен успеа да се одмазди на Челси и да направи предност од 3:0 во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите благодарение на фантастичниот Серж Гнабри, кој даде два гола за три минути. Барселона пак, успеа на „Сан Паоло“ да обезбеди 1:1 реми против Наполи за интересен реванш на „Ноу Камп“.
По првото полувреме без голови, Гнабри, кој е поранешен играч на Вест Бромвич Албион и Арсенал и добро ги познава англиските клубови, во 51. минута ги донесе Баварците во водство по асистенција на Роберт Левандовски, а додека „сините“ уште не беа соземени, во 54. минута им даде уште еден гол.
Со ова, Гнабри дојде до фантастични шест гола во ЛШ оваа сезона, и тоа сите постигнати во Лондон – на претходното гостување кај Тотенхем, тој постигна четири гола при неверојатната 7:2 победа. За Челси да патува во Минхен само туристички се погрижи Левандовски, кој во 76. минута додаде гол на двете асистенции.
Во Неапол пак, Наполи успеа да дојде прв во водство на „Сан Паоло“, откако Дрис Мертенс постигна фантастичен гол во 30. минута, негов 121. во дресот на „партенопеи“ за израмнување на рекордот на Марек Хамшик.
Меѓутоа, второто полувреме не беше наклонето на домаќините. Мертенс се повреди во 54. минута од мечот и мораше да биде заменет од Аркадијуш Милик, а веќе во 57. минута, Барселона израмни преку Антоан Гризман по една брза акција на Каталонците.
Нашиот репрезентативец Елиф Елмас, овојпат не доби шанса од тренерот Џенаро Гатузо.
Ново на Сител
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Граѓаните се подготвуваат за најлудата ноќ, програма ќе има и на Плоштад Македонија
-

АХВ казни 60 оператори кои продавале расипана храна и месо
-

Кои коруптивни скандали ја одбележаа 2025 година?
-

Антикорупциска одлучи: Идната година ќе го проверува имотот на 60 високи функционери
-

Нов Закон за јавно обвинителство денеска на владина седница
-

Власта и опозицијата продолжуваат со меѓусебни обвинувања за лицемерие, луксуз и криминал
