Фудбал
14. March 2018 - 10:07

ЛШ: Севилја потврди дека е подобра од Јунајтед

Фудбалерите на Севилја го елиминираат Манчестер Ј од Лигата на шампионите и тоа совладувајќи го на неговиот Олд трафорд со 2-1.

Шпанците стрпливо ја чекаа својата шанса а јунак на мечот беше  францускиот напаѓач Висам Бен Једер, откако со два гола за четири минути и донесе на Севилја 2:1 победа на „Олд Трафорд“, ставајќи крај на европската авантура на тимот на Жозе Мурињо.

По првото досадно реми 0:0, реваншот во Англија беше со малку повисок интензитет, но двата тима не успеаја да направат многу шанси во првото полувреме. Мурињо по критиките стартуваше со Маркус Рашфорд во нападот, но во стартниот тим го немаше Пол Погба, со Маруан Фелаини во средината.

Од другата страна, од тимот на Винченцо Монтела не се очекуваше премногу во Англија, но тие се покажаа како цврст тим кој беше опасен во нападот.

Тоа најдобро се почувствува во финишот на натпреварот, откако во 74. минута Сарабија фантастично го пронајде Бен Једер, кој со одличен удар го совлада испружениот Давид де Хеа. Уште не беше слегната „прашината“ на „Олд Трафорд“, а веќе беше 0:2 – Бен Једер се најде на вистинското место на голот, и ја искористи лошата интевернција за Де Хеа.