-->
-->
ЛШ: Вардар гостува кај Веспрем
-->
Ракометарите на Вардар попладнево во Веспрем против унгарскиот шампион Веспрем го играат ревнаш дуелот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. За да се пласираат на завршниот турнир во Келн, „црвено-црните“ ќе треба да направат сензација односно да го совладаат Веспрем на негов терен. Унгарскиот тим оваа сезона нема пораз дома, а на првиот дуел пред седум дена во Скопје победи со три разлика (29:26).
На ракометарите на Вардар им е јасно дека само со максимален пристап и со исористување на создадените шанси ќе можат да стигнат до посакуван резултат, иако фаворитската улога им ја препуштаат на домашните ракометари. Тренерот Раул Гонзалез на ова гостување го има комплетниот состав, откако повредите ги залечија Филип Лазаров и Александар Дереван.
Почетокот на дуелот е во 17:30 часот.
Вечерва од 18:30 часот се игра уште едно четвртфинале Барселона е домаќин на Кил, кој победи на првиот дуел со 29:24. Овој натпревар го судат македонските судии: СЛаве Николов и Ѓорѓи Начевски.
Утре се игра последното четвртфинале меѓу ПСЖ и Загреб. На првиот натпревар победи ПСЖ со 28:20.
Екипата на Киелце е првиот полуфиналист оваа сезона во Лигата на шампионите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Американската резолуција за Украина изгласана откако доби европски „шмек"
-
Тема на денот со Даниел Браун, директор на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје
-
Кратово достојно го одбележа празникот за заштитникот на градот - Св. Ѓорѓи Кратовски
-
Демохристијанската ЦДУ победи на изборите во Германија
-
Мицкоски очекува исклучително добри билатерални односи со новата власт во Германија
-
Три години од војната во Украина, можен ли е конечен мир?
-
Македонија коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина
-
Маркетите со задолжение да ги објавуваат сите цени секој ден