-->
-->
ЛШ: Вардар по Динамо (З) во 3. рунда го чека уште еден Динамо (Тбилиси)?!
-->

Фудбалерите на Вардар, доколку успеат да го минат Динамо Загреб, во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, во наредното трето коло за противник ќе го имаат победникот од дуелот помеѓу Динамо Тбилиси и Алашкерт.
УЕФА, во своето седиште во Нион, во петокот, ги извлече двојките за третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Вардар, кој на домашен терен го загуби првиот меч од Динамо Загреб (1-2), доколку во реваншот успее да го елиминира хрватскиот првак, во третата рунда за противник би го имал подобриот од двомечот помеѓу грузискиот Динамо Тбилиси и ерменскиот Алашкерт.
Инаку, Динамо Тбилиси е поблиску до пласман во третото коло, бидејќи на првиот меч како домаќин победи 2-0.
Лига на шампиони, трето квалификациско коло (26/27.јули и 2/3.август):
Розенборг (Норвешка)/Норчепинг (Шведска)-Њу сеинтс (Велс)/АПОЕЛ (Кипар)
Вардар (Македонија)/Динамо (Хрватска)-Динамо Тбилиси (Грузија)/Алашкерт (Ерменија)
Олимпијакос (Грција)-Хапоел (Израел)/Шериф (Молдавија)
Жалгирис (Литванија)/Астана (Казахстан)-Линколн (гибралтар)/Селтик (Шкотска)
Олимпија (Словенија)/Тренчин (Словачка)-Легија Варшава (Полска)/Зрињски (БиХ)
Викторија Плзен (Чешка)-Карабаг(Азербејџан)/Дуделанж (Луксембирг)
Астра (романија)-Крусејдерс (Северна Ирска)/Копенхаген (Данска)
БАТЕ Борисов(Белорусија)/СЈК (Финска)-Хафнафјодур (Исланд)/Дундалак (Ирска)
Лудогорец/Младост Подгорица-Црвена ѕвезда(Србија)/Валета (Малта)
Партизани (Албанија)/Ференцварош (Унгарија)-Салцбург (Австрија)/Лепаја (Латвија)
Ајакс (Холандија)-ПАОК (Грција)
Спарта Прага (Чешка)-Стеауа (Романија)
Шахтјор (Украина)-Јанг Бојс (Швајцарија)
Ростов (Русија)-Андерлехт (Белгија)
Фенербахче (Турција)-Монако (Франција).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во првиот квартал најбарани работници во услужните дејности и продажбата
-

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словачка, средби со највисокото државно раководство
-

Без струја дел од Бутел и Ѓорче Петров
-

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија
-

Трамп: Договорот со Иран може да се постигне во текот на следната недела
-

Седум лица убиени во руски напади врз неколку украински градови
-

Денес променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
-

Мицкоски: Бројот на вработените во првиот квартал е добра вест за граѓаните, лоша за опозицијата
