-->
-->
ЛШ: Вардар победи на гостувањето кај Флензбург
-->

Македонскиот ракометен шампион Вардар постигна победа на првиот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите на гостувањето кај бундеслигашот Флензбург со 26:24.
Македонскиот првак во 15.та минута водеше со 6:5, а брзо потоа со серија од четири голови „црвено-црните“ водеа со 10:5. На полувреме Вардар имаше шест голови предност (15:9).
Во вториот дел македонскиот шампион во два наврати водеше со седум голови разлика (16:9 и 17:10), но Флензбург со две серии од 3:0 во 50.та минута намали на 21:23. На крајот Вардар победи со 26:24.
Најефикасни кај „црвено-црните“ беа: Алекс Душебаев и Лука Циндриќ со по 5 голови, а голманот Арпад Штербик имаше 16 одбрани.
Реванш дуелот Вардар – Фелнзбург се игра во четврток (27.април) во СЦ „Јане Сандански“.
На вториот натпревар одигран попладнево Веспрем – Монпеље 26:23 . Утре се играат другите два четвртфинални натпревари Кил – Барселона и ПИК Сегед – ПСЖ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Кризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули
-

Европа може да се соочи со недостиг на керозин: Колкави резерви има Македонија?
-

ММФ: Помал раст на економиите и повисока инфлација поради војната на Блискиот Исток
-

Петмина сведоци не се појавија на судењето за „Пулс“
-

Со докази продолжи судењето за Димитровска
-

СДСМ со кривична за унгарски сопственици на ТВ Алфа
