-->
-->
ЛШ: Вардар со максимален учинок во групата
-->

Ракометарите на Вардар вечерва во Скопје го победија Пик Сегед со 30:27 во рамките на 4.коло од Лигата на шампионите и се на делаб на првата позиција во Б групата со европскиот шампион Киелце.
Гостите од Унгарија му пружија достоен отпор на фаворитот. Во првото полувреме Пик Сегед неколкупати имаше водство, за на пауза да се замине со 16:15 за домаќините.
Во вториот дел вардарци за првпат поведоа со два разлика, а на десетина минути до крајот разликата се зголеми на три погодоци (25:22), доволно за четвртиот триумф во низа во елитното натпреварување. Не нерешениот резултат беше најчест на овој дуел, дури 19 пати беше нерешено.
Тимур Дибиров со осум и Лука Циндриќ со пет погодоци беа најефикасни играчи во домашниот состав. Во последните 20 минути од натпреварот голманот на Вардар Страхиња Милиќ имаше седум од своите 10 одбрани.
По 4.коло во групата Б Вардар и Киелце се на водечките две позиции со максимални осум бода.
Следниот натпревар од ЛШ, македонскиот тим го игра на гости кај ППД Загреб.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Избор на нови министри во Собранието
-

Одложена седницата на Судскиот совет
-

Мицкоски: Македонија ги повикува иселениците
-

Славески: Инфлацијата во 2025 околу 4%
-

СДСМ: Поради криминал имаме поскапа струја
-

Полицијата во Охрид со засилени контроли
-

Расте бројот на пациенти со покачен крвен притисок
-

Климатските промени го загрозуваат пчеларството
