Фудбал
15. August 2017 - 11:42

ЛШ: Вечерва стартуваат бараж дуелите

Со вечерашните пет натпревари стартуваат возбудувањата во рамките на баражите од Лигата на шампионите. Од денешните дуели најголемо внимание привлекува гостувањето на премиерлигашот Ливерпул во Германија кај Хофенхајм.

Данскиот првак Копенхаген, кој го елиминираше Вардар гостува кај Карабах.
Двојки за вечерва:
Карабах - Копенхаген (почеток 18 часот),
Хофенхајм - Ливерпул,
Спортинг - СБ,
Јанг Бојс - ЦСКА Москва и
АПОЕЛ - Славија Прага.
Почетокот на овие дуели е од 20:45 часот.
 
Утре во терминот од 20:45 часот играат:
Наполи - Ница,
Башакшехир - Севиља,
Хапоел Бер Шева - Марибор,
Селтик - Астана и
Олимпијакос - Риека.