ЛШ во ракомет: Очекуван пораз на Еурофарм Пелистер на гостувањето во Кил
Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го претрпе 12. пораз во Лигата на шампиони, откако вечерва загуби на гостински терен од лидерот во групата А, Кил, со 29-23 (19-10) во рамки на 12 коло.
Германскиот претставник уште од самиот почеток на дуелот тргна максимално мотивирано против последно пласираниот тим во групата и по воведните 10. минути Кил имаше предност од високи 10-4.
Кил во неколку наврати во текот на натпреварот доаѓаше и до двоцифрена предност, последен пат на стартот на вториот дел од 22-12.
Од тој момент уследи серија на Еурофарм Пелистер од пет голови за подобрување на крајниот впечаток и поднослив пораз со шест голови разлика против големиот фаворит.
Богдан Радивојевиќ со шест голови беше најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер, а голманот Урбан Лесјак запиша 12 интервенции.
Македонскиот првак на 28. овој месец во Битола го пречекува Алборг, а настапот во Лигата на шампиони ќе го заврши со гостување кај Колштад на 6 март.
Кил води на табелата во групата А со 18 бодови, додека Еурофарм Пелистер е на последното место без освоен бод.
Ново на Сител
-
Во полиција задржани тројца кавадарчани, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца спречувале преземање на службени дејства
-
Тешко повреден малолетен пешак во Куманово по удар на автомобил
-
Експлозија во магацин за пиротехника во Бугарија
-
Продолжи собраниската комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
Второто злато на ОИ 2024 за Кина
-
На „Богородица“ и „Табановце“ зголемен интензитет на сообраќај
-
СВР Скопје расчисти кривични дела „убиство“ и „убиство во обид“, кои се случија месецов, поднесени пријави против три лица
-
Унгарија го зема најголемиот кредит досега од Кина – Позајмица од милијарда евра