-->
-->
ЛШ - жени: Победа за прво место на ЖРК Вардар
-->
Ракометарките на ЖРК Вардар со победата попладнево против Турнингер од (19:12) го освоија првото место во групата 1 од главната фаза и во четвртфиналето ќе ја имаат фаворитската улога и реваншот ќе го играат на домашен терен. Ова водено беше деби победа за новиот тренер на ЖРК Вардар, Ирина Дибирова.
На денешниот натпревар против Турингер „вардарки“ почнаа силно и по десетина минути игра имаа водство од 7:2 со што беше најавена победата и прекин на серијата од два пораза. На полувреме македонскиот првак водеше со 19:12. Водството во вториот дел „црвено-црните“ постојано го зголемуваа и во 42.минута за првпат имаа и двоцифрена разлика (27:17).
Најефикасни на натпреварот беа Јованка Радичевиќ со 9 голови, додека Андреа Пенезиќ и Андреа Лекиќ постигнаа по 5 голови.
Противник на ЖРК Вардар во четвртфиналето ќе му биде четвртопласираната екипа од групата 2 во моментов европскиот првак Букурешт. Но, доколку оваа екипа утре победи во дуелот со Есбјерг, тогаш ЖРК Вардар ќе игра против Митјиланд.
Резултати од 6.коло од група 1: Вардар – Турингер, Астраханочка – Мец 20:28 и ФТЦ – Будуќност 23:24.
Табела: ЖРК Вардар 15, ФТЦ 14, Будуќност 14, Мец 10, Турингер 5 и Астраханочка 2.
Резултати од 6.коло група 2: Крим – Митјиланд 21:27. Дуелите: Есбјерг – Букурешт и Ларвик – Ѓер се играат утре.
Табела: Ѓер 15, Ларвик 12, Митјиланд 10, Букурешт 9, Крим 6 и Есбјерг 4.
фото: www.zrkvardar.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија
-
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски
-
Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
-
Не ми требаат скапи работи и Мерцедеси | Бомбакис | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 070
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес