-->
-->
ЛШ - жени: „Вардарки“ го напаѓаат Лајпциг
-->

Со натпреварот меѓу ЖРК Вардар и Лајпциг што се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе стартуваат дуелите од второто коло од женската ракометна Лига на шампионите. По неубедливиот почеток и нерешениот резултат (27:27) дома со унгарски ФТЦ ова беше биде шанса „вардарки“ да ја постигнат првата победа.
По отказот кој во неделата го доби досегашниот тренер Индира Кастратовиќ на прес конференцијата пред дуелот беше потенцирано дека до наименувањето на нов тренер со тимот ќе координира тренерски тим: Сергеј Самсоненко, Едуард Кокшаров и Аце Станковски, додека во подготовката на натпреварите ќе биде вклучен и Давид Дејвис, кој сепак ќе остане помошник на машката екипа на Вардар.
На натпреварот со ФТЦ во 1.коло најефикасна кај Вардар беше Андреа Пенезиќ, кој во пресрет на дуелот истакна:
- Во петокот не беше вистинската игра на Вардар. Во спортот се случуваат вакви работи. Аце и Девис (тренерите) направија анализа за следниот ривал и може да порачам дека одиме на победа.
Натпреварот ЖРК Вардар – Лајпциг почнува во 20:30 часот, додека вториот дуел од групата Б меѓу ФТВ и Астраханочка се игра во недела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
