-->
-->
ЛШ - жени: ЖРК Вардар домаќин на Турнингер
-->

Ракометарките на Вардар попладнево го играат последниот натпревар од главната фаза од Лигата на шампиони во групата 1. Во Скопје гостува германскиот тим Турнингер, екипа која ЖРК Вардар во првиот натпревар ја победи на гости со 31:29. Дуелот се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот.
Овој натпревар воедно ќе биде и деби на клупата ЖРК Вардар за тренерот Ирина Дибирова, која ќе се обиде да ја прекине серијата од два пораза на ракометарките на македонскиот првак.
Од оваа група покрај овој дуел денеска играат и Астраханочка – Мец и ФТЦ – Будуќност.
Табела: ФТЦ 14 бодови, ЖРК Вардар 13, Будуќност 12, Мец 8, Турингер 5, Астраханочка 2.
Во групата 2 денеска играат: Крим – Митјиланд, а утре се дуелите: Есбјерг – Букурешт и Ларвик – Ѓер.
Табела: Ѓер 15 бодови, Ларвик 12, Букурешт 9, Митјиланд 8, Крим 6, Есбјерг 4.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Велики петок - најтешкиот ден во годината
-

Претседателот на Либан: Единственото решение е прекин на огнот што води кон разговори со Израел
-

РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници
-

Почнува целосна примена на ЕЕС системот за влез ЕУ
-

Зеленски: Украина ќе го почитува велигденското примирје
-

На Србија ѝ се заканува губење на 1,5 милијарди евра од фондовите на ЕУ
