-->
-->
ЛШ: ЖРК Вардар гостува кај Ларвик
-->

Европскиот вицешампион ЖРК Вардар попладнево од 17 часот го игра натпреварот од 3.коло од групата Ц од Лигата на шампионите во Норвешка против Ларвик. По двата триумфа и ланското финале „вардарки“ ја имаат фавористката улога и во овој натпревар особено што кај противникот има смена на генерации. Вкупно 11 ракометраки кои лани беа дел од Ларвик го напуштија клубот или не се повеќе активни.
Ларвик има два пораза по двата дуела (Турингер 27:31 и ФТЦ 33:37).
На досега одиграните дуели билансот е две победи за Вардар, една за Ларвик со едно реми.
На вториот дуел од групата утре играат: Турингер и ФТЦ.
Во дербито на 3.коло попладнево играат Ростов Дон и европскиот првак Ѓер од Б групата, каде вчера Митјиланд го победи Брест на гости со 23:22.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Технолошкиот парк Н99 потпиша договори за соработка со арапската компанија SAVVY
-

Петрушевски: За СДС, ДУИ и Таравари одговорност постои само кога не се работи за нивните кадри
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
