-->
-->
Луда трка во Баку, Рикиардо прв, Фетел пред Хамилтон
-->
Возачот на Ред Бул Даниел Рикардо е победник на денешната трка за Големата награда на Азербејџан што се возеше на патеката низ улиците на Баку. Трка сепак беше во знак на инцидентот на двајцата првопласирани возачи во генералниот пласман Себастијан Фетел од Ферари и Луис Хамилтон од Мерцедес.
Во 21.круг откако безбедносното возило се повлече Хамилтон закочи со болидот и во него се удри Фетел. Овој потоа “збесна“ и намерно го удри со болидот. Организаторите појавија црвено знаме и ја прекинаа трката.
Борбата продолжи и во 32.круг стигна информација за кзната за Фетел од 10 секунди во боксот, а за Хамилтон ништо. Сепак возачот на Мерцедес имаше проблеми со болидот и Фетел без проблеми ја издржа казната и се појави пред Хамилтон на патеката.
Целата ситуација ја искористи Рикардо, кој стигна до петтата победа во кариерара, прва сезонава. Второто место му припадна на Валтери Ботас од Мерцедес, кој пред целта го мина Ленс Строл од Вилијамс. Фетел заврши на четвртото место, а Хамилтон петти.
По осум трки Фетел е прв во генералниот пласман со 153 бодови, Хамилтон има 139. Во пласманот за конструктори Мерцедес води со 250 бодови, пред Ферари со 226.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 3 лица
-
52-годишна кавадарчанка пронајдена почината со повреди на телото
-
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време
-
МВР со детали за верижната сообраќајка на Скопска обиколница
-
Спасени три питбули и дорбеман користени за борби на кучиња во Врапчиште
-
Во Словенија утре Ден на жалост поради загинувањето на тројцата рудари
-
Магла во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица
-
Слоновите во САД не се луѓе, пресуди највисокиот суд во Колорадо