-->
-->
Луфтханза ги суспендира сите летови до Шарм ел Шеик
-->

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендирала сите летови до и од египетското одморалите Шарм ел Шеик поради актуелната ситуација на полуостровот Синај.
Авиокомпанијата објави дека ќе бидат суспендирани летовите на нејзините фирми - ќерки „Еделвајс“ и „Џерман вингс“ во наредните две недели. Луфтахза работи со германското Министерство за надврорешни работи на организирање безбедно враќање на сите германски туристи од Шарм ел Шеик. Според германските медиуми во моментов се работи на евакуација на околу 50 Германци кои што се погодени од новите мерки а кои се сместени во туристички комплекси на полуостровот.
Летовите до главниот град на Египет, Каиро продолжуваат според редовниот распоред.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски ќе се обрати на свечената академија „Од слово до вечност“ во Охрид
-

Трамп тврди дека мировниот договор со Иран е речиси договорен, Техеран демантира дел од изјавите
-

Кои се светите браќа Кирил и Методиј и зошто ги славиме
-

Силни експлозии во Киев по предупредувањето за масовен руски напад со балистички ракети
-

Полска ја активираше воената авијација поради жестоките руски напади врз Украина
-

Приведени 23 лица по немирите во Белград
-

Пороен дожд, грмежи, северен ветер и услови за изолирана појава на град
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
