Луѓето кои пцујат имаат побогат речник

Едно ново истражување утврди дека лицата кои се полиберални во употребата на пцовките не се помрзливи и необразовани, како што тоа често пати се мисли.
Всушност, богатиот вокабулар на остри зборови е здрав показател на другите вербални способности.
Психолозите Кристин Џеј и Тимоти Џеј пишувајќи за списанието „Наука на јазиците“, го отфрлиле востановеното верување дека пцуењето е знак на сиромашен вокабулар и неспособност за изразување.
Користејќиги студентите како субјекти на истражувањето, психолозите од учесниците во истражувањето барале за 60 секунди да изговорат што е можно повеќе различни пцовки.
Задачите кои не подразбирале пцовки, туку набројување, на пример, на имиња на што повеќе животни во иста временска рамка, исто така, се искористени за резултатите од истражувањето.
Резултатите откриле дека волонтерите кои наброиле најмногу пцовки за 60 секунди, исто така, наброиле и најмногу други зборови во различни категории. Со самото тоа, може да се отфрли теоријата според која луѓето кои употребуваат пцовки главно се необразовани, мрзливи и со посиромашен вокабулар.
Ново на Сител
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-

Струшката депонија горлив проблем
-

Депониите главен ризик за пожари во струмичко
