-->
-->
Луѓето мојот син го гледаат како ѕвер: Таткото на сопругот на Јелена се жали од комшиите
-->
Владимир Марјановиќ, свекорот на брутално убиената пејачка Јелена вели дека него и неговата фамилија комшиите почнале да ги гледаат со презир, се тоа поради разните вести кои веќе една недела се вртат по медиумите во Србија.
- Влегов во продавница и почуствував погледи на себе. Никој ништо не ми рече, но приметив дека луѓето ме гледаат со други очи. Мојот Зоран е претставен како ѕевр, како убиец. Му се врати поради тоа што даде изјава - вели таткото на Зоран додавајќи дека тој и малата Јана одлучиле да ја напуштат семејната куќа.
Како што вели причината за селидбата е стравот да не бидат линчувани, поради што последните неколку дена не излегувале од куќата. Смета дека неговото семејство е претставено како да се убијци, секташи и вештери.
- Полицијата веќе десет дена е овде. Ја пребаруваат секоја куќа и мислам дека веќе знаат се напамет. Како што поминуваат деновите се помалку веруваме во тоа дека таа е убиена овде, туку убиството да е извршено на друго место, а нејзиното тело е оставено само во каналот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка