-->
-->
Луѓето од тимот задоволни, Иџе не е од дебито во ЕТЦЦ
-->
Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, дебито во Европскиот куп на кружни патеки (FIA ETCC), на патеката Пол Рикар во Франција го заврши со два освоени бода и пласман на седмото место во втората трка, откако на првата заврши без бодови како 11-ти.
- Лично, сум разочаран од малерозниот викенд, не успеав да покажам се што знам и мислам дека можам да сум далеку подобар од постигнатиот резултат во Франција. Луѓето од тимот се задоволни од постигнатите времиња во текот на целиот викенд со оглед на условите што ги имав и пеховите што ми се случија. Се надевам дека за две недели на следната трка во Словачка ќе имаме повеќе среќа и ќе постигнеме подобар резултат, изјави Иџе.
Со возилото Сеат Леон Иџе настапува за словенечкиот тим Лема Рејсинг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кражба на струја во Кавадарци
-
ЦУК: Шест пожари на отворено изминатото деноноќие, еден сѐ уште активен
-
Сиљановска Давкова - Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на вредностите на ЕУ
-
Блинкен во Брисел во момент кога победата на Трамп го активира алармот за Украина
-
Почина бизнисменот Миодраг Костиќ
-
18-годишно момче загина во Охрид откако со „пежо“ излетал од патот кај „Елешец“
-
Утрово најстудено во Маврови Анови и Попова Шапка
-
Маск доби позиција во администрацијата на Трамп