Луизијана се подготвува за нова тропска бура
Гувернерот на американската држава Луизијана, JЏон Бел Едвардс прогласи вонредна состојба во врска со очекуваната тропска бура Сали, која се формира во Атлантскиот Океан. На својот профил на Твитер, Едвардс објави вонредна состојба и препораки до жителите на државата.
– Многу е можно тропската бура Сали да се претвори во ураган што ќе го погоди брегот на Луизијана во понеделник наутро, рече гувернерот. Оваа бура може да има многу сериозни последици, предупреди тој.
Бурата Сали се формираше вчера крај брегот на Флорида. Националната опсерваторија за урагани на САД проценува дека налетите на ветерот ќе достигнат брзина од 18 метри во секунда.
Пред помалку од две недели, ураганот Лора ги погоди Луизијана и Тексас, достигнувајќи четврта категорија од пет според скалата Сафир-Симпсон. Во катастрофата загинаа 25 лица во двете држави. Подоцна, ураганот Лора ослабна во тропска бура, а потоа и во циклон.
Сезоната на урагани во Атлантскиот Океан обично трае шест месеци – од почетокот на јуни до крајот на ноември.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
