Македонија
10. October 2021 - 15:35

Лукаревска: Ги развиваме сите населени места, таму се нашите домови, а кај ти е домот таму ти е најубаво

 Заменик-претседателката на СДСМ Сања Лукаревска денеска од Врапиште порача дека коалицијата предводена од СДСМ ја има најдобрата понуда затоа што со неа се создаваат еднакви можности за сите граѓани.

– И градовите и селата треба да се развиваат рамномерно, таму се нашите домови, а кај што ти е домот таму ти е најубаво. Им служиме на граѓаните, ги слушаме и им нудиме решенија. Со поддршка на Владата инвестираме во рехабилитација на патна инфраструктура, опремување на градинки во три населени места во Врапчиште, Неготино и Добридол за вкупно 180 деца . Работиме посветено за подобар живот за сите, истакна Лукаревска.

Посочи дека за младите нудат поддршка на иницијативи за отворање на сопствени бизниси, а имаат и поддршка на младите земјоделци и жените претприемачи.

Општината, рече Лукаревска, ќе се развива по мерка на граѓаните. Најави подобри услови за спорт и рекреација, вклучување на младите во донесувањето на одлуките во општината, чистење на каналите за наводнување, затворање на дивите депонии и пошумување на голите површини.