Лукаревска со детали за компаниите кои се обиделе да затајуваат данок
Управата за јавни приходи денеска објави детали за начинот на кој нафтени компании со лажни фактури сакале да добијат поврат на ДДВ и исплати по основ на Данок на личен доход.
На брифинг за медиуми од УЈП информираа за спроведени контроли кај три даночни обврзници регистрирани за вршење дејности трговија со нафта и нафтени деривати на големо и мало кои пристапиле кон изигрување на законите преку промена на назив и седиште на правното лице, како и промена на сопственичката и управувачката структура, без да имаат пријавени вработени, соодветни лиценци од Регулаторната комисија за енергетика, бензинска пумпа и складишен простор, служејќи се со фиктивни фактури за милионски суми. Станува збор за три даночни обврзници и петмина добавувачи.
-Нема оштетување на Буџетот затоа што даночните службеници спречиле исплати за поврат на ДДВ од 160.117.130 денари и за Данок на личен доход од 18 969.998 денари, информираше директорката на УЈП Сања Лукаревска.
За овие случаи УЈП доставиле писмени пријави со докази до ОЈО и МВР на 15 ноември 2023 година, а до Управата за финансиска полиција на 1 декември 2023 година.
Кај првиот контролиран случај станува збор за утврдени неправилности по основ на ДДВ од 79.350.190 денари, во вториот од 26.090.205 денари, а во третиот случај за 54.676 милиони денари.
Како што соопшти Лукаревска, УЈП спровела постапка за присилна наплата на Данок на солидарност кај осум даночни обврзници, кај седум е завршена и останува уште еден од трговија со дрва, градежен материјал и санитарна опрема, а кој треба да уплати уште шест милиони денари.
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Министерката за образование не верува дека има пропусти со извезувањето мозочни ткива во САД
-

Се уште нема приведени за протестите за одземените возила
-

МАНУ анализираше какви кандидати за судии и обвинители ќе се примаат
-

Нов смртен случај од компликации од грип
-

Смарт зелен бран ќе ги чини скопјани 25 милиони денари, Ѓорѓиевски ќе мести и CCTV камери за да се бори со вандалите
-

Ѓорѓиевски: Скопје излегува од финансиски колапс
-

Членовите на УПОЗ ќе одлучат дали понудата на Владата е прифатлива
