Лукашенко најави кандидатура за претседателските избори 2020
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска објави дека планира да се кандидира за претседател на изборите во 2020 година.
Зборувајќи пред новинарите, Лукашенко рече дека ќе учествува на изборите и дека народот ќе донесе одлука за тоа кој ќе биде следниот претседател. Тој рече дека изборите најверојатно ќе се одржат во текот на летото следната година.
Лукашенко е првиот и сѐ уште актуелен претседател на Белорусија, по нејзиното осамостојување од СССР во 1994 година. Пред да ја добие претседателската функција, Лукашенко водел сопствен бизнис со земјоделски фарми. Првиот мандат го доби на изборите одржани на 10 јули 1994, вториот во септември 2001, третиот во март 2006, четвртиот во декември 2010 и петтиот мандат во октомври 2015 година. За да биде избран повеќе од двапати тој организираше референдум во земјата во октомври 2004 година.
Ново на Сител
-
Русија не исклучува контакти со САД во наредните денови
-
ЕУ ја поддржува иницијативата за мир во Украина, Лондон повикува на акција
-
Премиерот на Онтарио ја суспендираше одлуката за поскапа струја – следуваат нови трговски преговори со САД
-
Трамп ќе разговара со Путин, но предупредува: За танго се потребни двајца
-
Почна судењето на обвинетите за смртта на Марадона
-
Вашингтон ја обновува воената помош за Киев – Украина прифати 30-дневен прекин на огнот
-
Трамп ќе го покани Зеленски во Белата куќа
-
Сообраќајка меѓу две товарни возила кај кавадаречко Раец, едно лице повредено