Свет
28. August 2020 - 12:39

Лукашенко: Ситуацијата во Белорусија се стабилизира

Ситуацијата во Белорусија, каде по претседателските избори избувнаа протести, се стабилизира и сега е време да се решат економските проблеми, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

– Хаосот на протестите во Белорусија е при крај, дојде време да се решат економските проблеми, рече Лукашенко за време на посетата на компанијата „Савушкин-Орша“.

Претседателските избори во Белорусија се одржаа на 9 август.

Според Централната изборна комисија, актуелниот претседател Александар Лукашенко освои 80,10 проценти од гласовите, додека Светлана Тихановскаја, која се смета за негов главен ривал, доби 10,12 отсто од гласовите.

Откако резултатите од излезните анкети беа објавени доцна вечерта на 9 август, избувнаа масовни протести во центарот на Минск и другите градови, на кои на почетокот имаше судири меѓу демонстрантите и полицијата.