Лукашенко со декрет го забрани зголемувањето цени во Белорусија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко со декрет го забрани зголемувањето на цените во неговата земја, јави ДПА.
– Од 6 октомври забранети се какви било покачувања во цените. Забранети, подвлече Лукашенко денеска, според државната новинска агенција Белта. Не од утре, туку од денеска, нагласил белорускиот претседател. Тие кои ќе го прекршат декретот, ќе се соочат со „итно апсење и кривично гонење“.
Лукашенко не ја исклучи целосно можноста во иднина да има потреба од пораст на цените во некои области. Но, тоа само со официјално одобрување за такво нешто. Според бирото за национална статистика, инфлацијата во Белорусија беше 17,9 отсто во август во споредба со истиот месец минатата година. Особено е забележан остар раст кај цените на храната. Стапката на инфлација може да се зголеми до 19 отсто до крајот на годината, предвидуваат дел од белоруските економски експерти.
Ново на Сител
-

Димитриевски: Жртвата на загинатите припадници на безбедносните сили е симбол на храброст и посветеност
-

Израел соопшти дека биле извршени 85 напади врз цели на Хезболах во Либан за еден ден
-

Претреси во Гостивар, пронајдени дрога и оружје
-

Мицкоски: Европа е нашиот единствен пат, треба да разговараме за решенија со кои ќе одиме напред
-

Николоски: Нема проблем со керозин, имаме резерви за 90 дена, отворени се пет нови дестинации и покрај кризата
-

Парада на Црвениот плоштад во Москва, Путин рече дека верува во победа
-

Честитка за Денот на Европа од претседателот на Собранието Гаши
-

Меси за Роналдо: Имавме големо спортско ривалство
