Свет
24. February 2022 - 9:15

Лукашенко свика итна средба со началниците на армијата

Белорускиот лидер Александар Лукашенко свика средба со началниците на армијата, соопшти Минск денеска откако неговиот близок сојузник рускиот претседател Владимир Путин изврши воен напад врз Украина.

„Лукашенко итно свика состанок со армијата”, соопшти неговата прес-служба на сервисот за пораки Телеграм. Тие додадоа дека состанокот ќе се одржи „за еден час”, околу 08:00 часот по Гринич.