Свет
4. March 2022 - 8:50

МААЕ: Нуклеарната централа Запорожје сè уште ги има „суштинските“ функции

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека разговарала со украинското раководство и ѝ било кажано дека „суштинската“ опрема во централата сè уште функционира.

„Украина и соопшти на МААЕ дека пожарот во округот на нуклеарната централа Запорожје не влијаел на суштинската опрема, персоналот на централата презема мерки за ублажување“, објави агенцијата на Твитер.